Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„One Love Tour“ вечерва во Струмица, со изведувачи од Македонија и Бугарија

Денес во „Градски парк“ – Струмица ќе се одржи неколку часовна музичка забава на  „One Love Tour“ со изведувачи од Македонија и Бугарија – дел од годинашното издание на „Струмица Опен Фест“.

Манифестацијата со најубави звуци во својата програма ја има турнејата кој споделува една љубов преку границите на двете земји.

Настапуват: Слаткаристика, Љубојна, Графа – Владимир Ампов, Михаела Филева, GP&Steffonator, Џамбо Агушеви оркестар и Алеја на занаетите.

„One Love Tour“ во Струмица го носи најдоброто од двете држави за сите генерации, најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и традициите меѓу Македонија и Бугарија.

Настани насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи.

Влезот е слободен и отворен за сите посетители. Освен во Струмица, турнејата ќе се одржи во шест други градови во двете земји и тоа: Банско, Скопје, Крива Паланка, Бургас, Варна и Стара Загора.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.