Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ќе се реконструира патот од крстосницата пред Доброшинци до брана „Турија“

Првиот човек на општина Василево – Марјан Јанев и Раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион – Жулиета Ѓуркова го потпишаа Договорот за партнерство за реализација на проектот „Реконструкција на пат од крстосница пред с.Доброшинци до брана Турија“, во просториите на општината.

Должината на патот изнесува 800 метри а одобрени се 11.822.560 денари или околу 190.000 евра средства, од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, преку мерката Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Учеството на општина Василево е преку плаќањето на износот на ДДВ-то за овие средства.

Според Јанев,  во наредните денови следува тендерирање за избор на компанија – најповолен понудувач кој ќе ги изведува работите на терен.

„Ова е само чекор во постапката чиј краен резултат ќе го почувствуваат бројните корисници на овој пат. Со реализацијата на овој проект само ја потврдуваме нашата цел за асфалтирање на сите локални патишта, улици и улички во нашите населени места, создавајќи оптимални услови во локалната патна инфраструктура и воопшто подобри услови за живот на сите жители на општина Василево“ – истакна градоначалникот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.