По 19-ти пат Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ – Струмица ќе ја организира меѓународната традиционална планинарска средба „Балкан без граници“ на планината „Беласица“, врвот „Тумба“ – 1.881 мнв.
Средбата ќе биде на ден 25.8.2019 г. (недела), на тромеѓето (Македонија, Бугарија, Грција) на планината „Беласица“, на врвот „Тумба“ (1.881 мнв.), каде ќе бидат присутни планинари-љубители на природата од Македонија, Бугарија и Грција.
Се тргнува од с.Смоларе во сабота, 24.8.2019 г. во 10 часот.
Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствената психо-физичка кондиција.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.