Во Струмица се поставуваат инфо-табли со историски податоци и фотографии на локалитетите, во рамките на проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација“, од страна на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен“ – Струмица.
Таблите се поставени на 11 локации, меѓу кои и: „Св.40 Севастиски маченици и Римска Терма“, во с.Банско, „Св.15 тивериополски маченици“ – Струмица, „Орта Џамија“ и „Мачук“ – Струмица, „Св.Богородица Елеуса“ – с.Вељуса, Комплекс Водочки цркви „Св.Леонтиј“ – Водоча, „Цареви Кули“ и „Турска Кула“ – Струмица и на локалитетот „Средновековна црква во Струмица“.
Проектот се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RELOAD), финансирана од Европската Унија, а спроведувана од програмата за развој на обединетите нации (УНДП).
Проектот се спроведува во соработка со Завод и Музеј – Струмица.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.