Денес, доделувањето на канти за отпадоци за индивидуалните домаќинства, продолжува во населеното место Свидовица.
Акцијата за доделување пластични канти за отпадоци е во склоп на еколошката кампања „Еко Фронт“ која ја спроведуваат општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.
Канти се доделуваат во повеќе населени места низ општина Струмица, а досега добија: Вељуса, Водоча, Баница, Градско Балдовци и Костурино, но ќе продолжи и понатаму.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.