Министерот за култура Хусни Исмаили оствари дводневна посета на општина Струмица. Денес тој беше на средба и со првиот човек на општината – Коста Јаневски.
На средбата беше разговарано за културните традиции и вредности на општина Струмица, како и за тековните и идни проекти кои ќе го подобрат културниот живот во градот.
Во рамките на посетата на министерот Исмаили, тие вчера попладне го посетија манастирскиот комплекс „Свети Леонтиј“ во Водоча, а Исмаили го посети и Центарот за култура „Антон Панов“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.