Од 8-ми до 12-ти септември во Струмица ќе се одржува 27-мото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Фестивалот ќе понуди богата програма со интересни театарски постановки, како и други случувања.
Годинава, за медалјонот со ликот на патронот на фестивалот – Ристо Шишков и паричната награда во вредност од 1.500 евра, ќе се натпреваруваат педесетина актери од театри од Хрватска, Бугарија, и Македонија.
За наградата ќе одлучува жири комисија предводена од минатогодишниот добитник на наградата, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Коло Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија.
Фестивалот е финансиски помогнат од општина Струмица и Министерството за култура.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.