На 11-ти септември 2019-та година (среда) од 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата на новосоздадените ликовни дела од 56-тата Меѓународна ликовна колонија, во уметничката галерија на Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Меѓународната ликовна колонија се одржуваше од 1-ви до 12-ти август и на неа учествуваа 15-тина уметници од: САД, Полска, Украина, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија.
Со нивните дела беше збогатена и онака богатата ликовна ризница на Колонијата, која брои околу 2.600 творечки продукти, создадени во различни ликовни дисциплини.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.