Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Коста Јаневски положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на независноста

Денеска, по повод празникот „8-ми Септември“, Денот на независноста, Градоначалникот Коста Јаневски положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во центарот на Струмица.

Во своето обраќање до присутните општински функционери и граѓани Градоначалникот рече „Независност, самостојност, самобитност, сувереност… Колку убаво, величествено и гордо звучат овие зборови кои се длабоко вкоренети во големиот ден што денес го славиме. Овој ден за некого беше само недосонуван сон, а јавето на македонската независност имавме среќа да го видиме и почувствуваме токму ние – сведоците на случувањата кои го одбележаа овој историски чин. Овој ден не само што е вреден за паметење и чествување, туку спаѓа во големото тројство на македонскиот времеплов, заедно со Илинден – 1903 и АСНОМ – 1944 година. Можеби токму затоа Денот на независноста на нашата татковина многумина го нарекуваат „третиот Илинден“.“

Ден на независноста на Македонија ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. На денешен ден, 1991 година, бил одржан Референдумот со кој е прогласена и независност на државата од поранешната СФРЈ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.