Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Почна Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Денес со играње на претставата „Убавицата и ѕверот“ по новелата „Сонот на чичкото“ од Фјодор М. Достоевски на Драмскиот – куклен театар Варца од Бугарија беше отворен 27-от Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Говор на Градоначалникот Јанев на отворањето на фестивалот.

Фестивалот со свој говор и годинава го отвори Градоначалникот на општина Струмица, господинот Коста Јаневски, кој рече: „ Поминаа 33 години од заминувањето на големиот актер Ристо Шишков од македонското глумиште. Новите генерации љубители на актерската игра, за жал немале можност на дело да го видат неговото актерско мајсторство. Тие за него само слушнале, прочитале по некоја статија,или виделе стари видео материјали од неговото грандиозно актерско дело. Но за Ристо Шишков заборав не може и не смее да има. Нашиот Меѓународен фестивал на камерен театар кој се одржува во градот на детството и младоста на Шишков, веќе 27 години го чува тоа име како најголемо богатство. Нека биде така и во иднина, на задоволство на сите почитувачи на вистинските културни вредности“.

Од 8-ми до 12-ти септември во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица ќе бидат одиграни 9 театарски перформанси на театри
театри од Хрватска, Бугарија и Македонија. За единствената пак награда за високо актерско остварување која што се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе се натпреваруваат педесетина актери.

За наградата ќе одлучува жири комисија предводена од минатогодишниот добитник на наградата, актерот Благоја Чоревски, а членови се професорот Коло Вандов од Бугарија и режисерот Драган Јаковлевиќ од Србија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.