По повод Светскиот ден на првата помош 14. септември, ЦКРМ ОО – Струмица организираше показна вежба со симулација на сообраќајна несреќа и пружање помош на повредени лица.
Вежбата почна во 11 часот на раскрсницата пред ТЦ Глобал заедно со нашите соработници ТППЕ, МВР СВР Сектор за превенција и сообраќај, ЦУК, ДЗС и Брзата помош.
„Со ваквата вежба сакаме да го свртиме вниманието за потребата секој од нас да знае правилно и навремено да пружи ПП на повредено лице посебно во сообраќајна несреќа“, изјавија од Црвен крст.
Ова воедно беше и завршната активност во националната кампања „Твоето незнаење чини живот”.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.