Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заврши обуката на тема „Разбирање на родовата компонента во демократските општества“

Нерешениот правен статус и проблемот со функционирањето воопшто на месната и урбаната заедница, дополнително ја отежнува и партиципацијата на жената.
Ова беше генералниот заклучок од дискусијата на обуката на тема „Разбирање на родовата компонента во демократските општества“, која се одржа во просториите на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица, на 14-ти и 15-ти септември 2019 г.

Учесници во обуката беа претседатели на месни и урбани заедници во општина Струмица.

На првиот ден од обуката беа дадени воведни напомени и терминолошки објаснати родот, полот, родовата еднаквост и родовата рамноправност. Се дискутираше и за родовата демократија, како и историскиот развој на родовата еднаквост преку меѓународни и национални документи. Вториот ден обуката продолжи со предавање за учеството на жената во органите на одлучување, за економското учеството на жената и економското зајакнување на жената во општеството.

Голем дел на обуката беше посветен на практични вежби за препозавање на родова дискриминација, преиспитување на предрасудите и стереотипите за жените во нашето општество, како и методи и техники за справување со родово базирана дискриминација и воведни модели на вклучување на жените во сите сфери на општествениот живот, преку примери и дискусија.

Обуката е во рамки на проектот „Жените во партиципативното креирање на локалните политики“ е финасиски помогнат од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година, а се имплементира во партерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост РОДОВА ПЕРСПЕКТИВА Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.