На 18.09.2019 во 19.40 часот на патот Кавадарци – Неготино, на местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(53) од Битола и запрежно возило, управувано од Д.В.(67) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.В. и бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, соопштија од МВР во дневениот билтен.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.