Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од „Никола Карев“ хортикултурно го уредуваа училишниот двор и донираа постелнини за детското одделение во „Општата Болница“

Повеќе од 80 ученици од училиштето „Никола Карев“, заедно со професори ментори, и околу 15тина ученици од СОУ „Јане Сандански“, во петок, 20.09.2019 во Струмица го одбележаа Меѓународниот ден на мирот со младинска акција во дворот на нашето училиште.

Акцијата беше поддржана од Општина Струмица и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум.

Садниците беа набавени од ЈП „Македонски шуми“ – подружница Струмица, а техничката поддршка од ЈПКД „Комуналец“.

Учениците преземаа волонтерска акција за хортикултурно уредување на училишниот двор, бојадисување на металните и бетонските конструкции во дворот и испишување на пораки за мир на училишниот ѕид.

Исто така, учениците од текстилно-кожарската струка во училиштето организираа и хуманитарна акција за детското одделение во ЈЗУ „Општа Болница“, Струмица – за време на настанот донираа постелнини кои самите ги изработија.

Младинската акција е продолжение на долготрајниот процес во кој учествуваа средношколците од Општина Струмица, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.