Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Утре во Струмица ќе се одржи 9. издание на „100 Илјади поети за промена“

Утре, на 28. септември, во Струмица ќе се одржи деветото издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Деветото издание на поетската манифестација се реализира во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на сите поети кои изразија интерес преку отворените повици да бидат дел од мисијата на самата манифестација и ова глобално движење.

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 60 држави во светот, со повеќе од 500 закажани настани, а нашата држава и Струмица се дел од самото движење уште од самиот почеток.

Манифестацијата ќе се одржи во „Бабилон Кафе“ со почеток од 19.30 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.