Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ќе се обновува манастирот „Света Богородица Елеуса“ во Вељуса со грант од Американската амбасада

На денешната церемонија во селото Вељуса во Струмица, Амбасадорката Брнс и Министерот за култура Хисни Исмаили го потпишаа договорот за грант од т.н. Амбасадорски фонд за културна заштита.

Преку грантот Ќе бидат инвестирани повеќе од 100.000 американски долари за обнова на манастирот „Света Богородица Елеуса“ и санирање и зачувување на фреските што датираат од 11, 15 и 17 век, како и подни мозаици од 11 век .

Обраќајќи се пред гостите Амбасадорката Брнс рече: „Исто така, задоволство ми е што американскиот народ ќе има улога во зачувувањето на овие културни богатства за идните генерации и вековите што доаѓаат.“

Со грантот ќе управува Музејот на град Струмица, со поддршка од експерти од различни организации, а се треба да се заврши за околу две години.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.