Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Продолжува распределбата на корпи за отпад во градот

Во програмата на еко-кампањата „Еко Фронт“ во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ беа набавени 8500 стандардизирани корпи за отпадоци за индивидуалните домаќинства. 

Досега корпи добија околу 6500 домаќинства. Од наредната недела продолжува доставувањето низ остатаните делови од градот Струмица.

Се известуваат граѓаните кои не добиле корпи поради отсуство во текот на акцијата, дека корпите можат да ги подигнат од дворот на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, со лична карта од носителот на комуналното право.

Деновиве екипи на „Комуналец“ ќе започнат со подигање на старите и оштетени метални корпи, па оттаму упатија апел до сите домаќинства кои добиле нови корпи истите да ги изнесат исклучиво пред дворовите за да можат да бидат тековно испразнети.

Корпите кои ке бидат во дворовите нема да бидат испразнети.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.