ОЈО од Струмица подигна обвиние за убиството на Ристо Иљашев, од 7-ми мај, чие тело беше пронајдено во буре фрлено во водите на браната „Турија” кај Струмица.
Обвинението е покренато против 54-годишниот М.В. од Добрејци кој се товари за сворепо и подмолно убиство.
М.В. е осомничен и за убиството на 62-годишниот А.М., чие тело истотака беше пронајдено во водите на „Турија” во резервоар од товарно возило, само два месеци по убиството на Ристо Иљашев.
Засега за второто убиство поради немање на доволно докази сѐ уште не е покренато обвинение.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.