Општина Струмица ги поканува сите заинтересирани на Првата форумска сесија што ќе се одржи на ден 03.10.2019 година (четврток) во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала). Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.На првата буџетска форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на општината, како и со реализираните приоритети за развој на Општина Струмица за 2019 година.
Присуството, активно учество и придонесот на граѓаните ќе биде од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2019/2020 година со цел да се зголеми транспаретноста и партиципативноста на граѓаните во креирање на општинските политики и креирање на општинскиот Буџет.
Прилог:
1. Агенда – линк
2. Покана – линк







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.