На 5 октомври (сабота) во 20 часот во фоајето на НУЦК ,,Антон Панов” од Струмица ќе се одржи книжевна вечер со академик Луан Старова, прозаист, поет, есеист. Член на МАНУ, на Медитеранската академија, на Европската академија и на Албанската академија на науките и уметностите.
Поранешен дипломат, во своите помлади години – новинар, добитник на повеќе книжевни и општествени награди и признанија и во Македонија и во странство. Луциден промислувач во книжевноста на судбината на балканскиот човек и балканското семејство, оставени на крстосницата помеѓу Ориентот и Западот. Преведуван на повеќе светски јазици.
УЧЕСНИЦИ:
Киро КОЗАРОВ: Автобиографски портрет на Луан Старова
Ацо ГОГОВ: Осврт кон романот ,,Татковите книги”, првата книга од циклусот ,,Балканска сага”.
Благој СТОЈАНОВ: Егзодусот во романите на Луан Старова
Димитар БАШЕВСКИ: Книжевен портрет на Луан Старова







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.