Во текот на денешниот и утрешниот ден, Месните и Урбаните заедници од општина Струмица ќе учествуваат на обука за користење на законските механизми за учество на жените во локалното одлучување.
Обуката ќе понуди преглед на законската регулатива, теоретските модели и практичните примери за учеството на жените во одлучувањето на локално ниво од земјата и од надвор.
Со оваа обука ќе се разберат и концептите на застапување и лобирање и ќе се совладаат основните алатки за кампањи за застапување и лобирање, со акцент на родовиот апсект.
Обуката е втора по ред од серијата обуки во рамки на проектот „Жените во партиципативното креирање на локалните политики“ кој е финасиски помогнат од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година, а се имплементира во партерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Родова перспектива“ од Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.