Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Југоистокот ќе се поврзе со Грција со помош на високотехнолошки контејнер – команден центар за справување со катастрофи

Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, на ден 08.10.2019 година, вторник, во хотел „Сириус“, Струмица, се одржа првиот Инфо ден.

На инфо денот присуствуваа претставници од општините, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, Противпожарните единици, Итната медицинска помош и други заинтересирани страни од Југоисточниот плански регион.

Целта на инфо денот беше промоција на проектот пред засегнатите страни и запознавање со целите на проектот, активностите кои ќе се реализираат, како и досега постигнатите резултати во рамките на имплементацијата на проектот.

Освен проектот на инфо денот се презентираше подетално контејнерот кој што ќе биде изработен во рамките на проектот и ќе биде опремен со најсовремена опрема за комуникација. Беа прикажани неговите технички карактеристики, дизајнот и софтверот кој ќе биде инсталиран. Ваквиот контејнер е наречен Центар за команди, контрола, комуникација, компјутери и интелигенција и ќе овозможи подобрување на квалитетот на управување на јавната администрација во справувањето со елементарни непогоди и кризи во прекугранична област Грција – Р.С.Македонија што е и всушност главна цел на проектот.

По изнесената презентација се разви дискусија од страна на засегнатите страни за тековните проблеми со кој се соочуваат при размената на информации во услови на елементарни непогоди, кои може да се земат во предвид при изработката на овој контејнер се со цел поефикасно и навремено реагирање во справувањето со најразлични кризи од страна на сите засегнати страни.

Вкупниот буџет на проектот е 905.553,30 евра со временска рамка од 02.04.2018 до 30.06.2020.

Проектот е ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.