Денес првачињата од општинските основни училишта од Струмица пристапија кон Детската организација.
За таа намена во големата сала на Домот на културата беше организирана свеченост на која учество зеде и Градоначалникот Коста Јаневски.
„Вие сте наше најголемо богатство, наша најголема гордост и радост, наша иднина. Она што треба да го знаете е дека сите имате еднакви права, кои се загарантирани со Конвенцијата за правата на детето, и дека сите ја заслужувате неопходната поддршка од сите нас за да имате еднакви можности.
Ние мораме да знаеме дека светот останува на вас и дека наш предизвик е да ви помогнеме да ги спознаете вистинските вредности во животот. Во таа смисла, Општина Струмица и јас како ваш градоначалник, пријател и другар, ви ја гарантираме сета љубов и поддршка. Да сте ми живи, здрави, успешни, безгрижни и среќни. Нека ви е со со среќа зачленувањето во Детската организација“, рече Јаневски во својот говор.
По претставата дел од првачињата го посетија и кабинетот на Градоначалникот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.