Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичанката Славица Ангелова второпласирана по бројот на гласови од публиката во полуфиналето на Макфест

Младата и талентирана струмичанка, Славица Ангелова, која публиката ја запозна по своите одлични настапи на бугарската верзија од музичкото талент шоу „The Voice“, заврши како второпласирана во втората полуфинална вечер на „Макфест“

Славица пред штипјани се претстави со песната „Љубовта не боли“, музичко дело на Јован Јованов и Иван Јованов, а по текст на Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Со оглед на освоените поени во полуфиналето таа ќе настапи и вечерва, на финалната вечер на најреномираниот македонски фестивал за забавна музика.

Покрај своите вшечатливи настапи во Бугарија, Славица имавме можност да ја гледаме и како дел од шоуто „Ѕвезда бр.1“ на телевизијата „1 ТВ“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.