Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Македонскиот првак „Џио“ поразен во финалето на меморијалот „Горан Панов – Близнако“ од бугарски „Пирин“

На меѓународниот меморијален турнир во одбојка, кој се одигра викендов во салата „Парк“ во Струмица, најуспешна беше екипата на „Пирин“ од Бугарија.

Бугарите во финалето го совладаа македонскиот одбојкарски првак „Џио“ од Струмица, кој е и организатор на турнирот, со 3:0 (25:23, 25:23, 25:19).

За третото место играа екипите на „Будуќност” од Црна Гора и „Борац” од БиХ, каде момците од Црна Гора со резултат
3:1 (15:25, 25:17, 25:17 и 25:10) го совладаа тимот од Босна.

Од управата на струмичкиот тим се надеваат дека овој меморијал ќе продолжи да се организира секоја година и ќе стане значајна традиција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.