Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, пред почесните конзули на Република Северна Македонија, акредитирани во странство, ги презентираше економските потенцијали на општина Струмица.
Тој ја побара нивната помош за подобра промоција и пласман на струмичките производи од земјоделството, прехрамбените производи, пијалоци, мебел, текстил, градежни материјали, метални производи, амбалажа, хемиски производи, но и услугите на струмичките компании за транспорт, компјутерско програмирање и изработка на софтвери.
За бизнис можностите на Струмица зборуваше и Ѓоко Ристовски, раководител на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови.
Градоначалникот Јаневски и почесните конзули ги посетија компанијата НИПРОМ ДОО и винаријата Далвина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.