Во рамките на програмските активности за оваа учебна година, а по повод Светскиот ден на храната, денес во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, учениците, наставниците и родителите подготвија посебна програма.
Беше реализирана хуманитарна акција, под мотото „Храна за сите“. Финансиските средства кои се собрани, ќе се искористат за набавка на прехранбени артикли, нагледни средства и технички помагала за учениците кои добиваат образовен додаток и користат други социјални права.
Хуманитарната акција содржи и елементи од меѓуетничката соработка на учениците, родителите и наставниците, кои подготвија традиционална храна од македонската и турската заедница.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.