Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во петок ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ во Струмица

Во петок на 18-ти октомври, со почеток во 13 часот ќе се одржи првиот настан од „Отворените забавни фудбалски школи“ на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

На првиот настан ќе учествуваат ученици од II-IV одделение од основните училишта „Даме Груев“ – Куклиш, „Сандо Масев“ – Струмица, „св. Кирил и Методиј“ – Дабиле, „Никола Вапцаров“ – Струмица, „Маршал Тито“ – Муртино.

Во наредните настани ќе бидат вклучени останатите основни и подрачни училишта во нашата Општина.

Настанот ќе го отвори Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, а ќе присуствуваат и Советниците при Советот на општина Струмица предводени од претседателот на Советот Марјан Даскаловски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.